Кои сме ние?
Spasić Grup ДООЕЛ е компанија основана во 2011 година, водена од идејата да создаде современи козметички брендови и да понуди квалитетни производи достапни за секој потрошувач.
2011 Santini
Компанијата започнува со увоз и дистрибуција на парфемите Santini, поставувајќи стабилни темели и развивајќи широка продажна мрежа низ цела Македонија.
2017 Revuar
Со континуиран раст и следење на светските трендови, Spasić Grup го создава првиот македонски бренд за гелови, опрема за нокти и декоративна козметика — бренд насочен кон професионалци и љубители на убавината.
Денес, Spasić Grup претставува модерен дистрибутер и производител со развиена мрежа на соработка со:
Покрај домашниот пазар, Spasić Grup активно извезува во соседните земји, градејќи регионално препознатлив имиџ. Со фокус на иновации и квалитет, продолжуваме да растеме како доверлив партнер во козметичката индустрија со јасна визија за иднината




